Сопругата на Михајловиќ со трогателна порака: Божиќ е, неговото столче е празно..

Пред десетина дена, фудбалскиот свет го загуби Синиша Михајловиќ, човекот со кого многу генерации растеа и се радуваа, големо име од светот на фудбалот.

Славниот фудбалер почина во 54 година од животот, откако ја загуби битката со подлата болест против која се бореше извесен период.

По неговата смрт, неговата сопруга Aријана Михајловиќ, трогателно деновиве се обрати по повод Божиќ, алудирајки дека се уште не можат да прифатат дека го нема Михајловиќ.

Првиот Божиќ по загубата на некој сакан е најтежок. Не би прославувала, но морам, поради децата, заради семејството, но ќе боли. Тука се и поклоните кои нема да ги купуваме годинава. Овде стои празното столче, на кое седеше Синиша, го нема гласот кој сакав да го слушам. Ќе биде тешко, многу тешко….“, стои меѓу останатото во пораката која ја напиша сопругата на Михајловиќ на социјалните мрежи.