Сонува да заигра за Реал, а тврди дека Барса е најдобра во светот

Интересни се ставовите на најскапиот фудбалер во Премиер лигата, Пол Погба во овој момент.

Францускиот репрезентативец се препороди во дресот на Манчестер Јунајтед по доаѓањето на Солскјер, но кога сите очекуваа дека ќе го води тимот идната сезона, тој најави дека сонува да заигра за Реал. Во исто време ја посочи Барселона, следниот противник на Јунајтед во Лигата на шампионите, како најдобра во светот.

„Барселона е најдобра, екипа која секогаш е задоволство да се гледа поради другарството кое владее и течноста во играта. Меси е далеку над сите во светот на фудбалот и играњето против него е прекрасно искуство.

Што се однесува до Реал Мадрид, играњето за овој тим е сон на секое дете, па и за мене, особено сега кога тренер е Зидан“, изјави Погба.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

УЕФА го „удри“ Фенербахче – дали може овој момент да го стопира трансферот на Елмас во Наполи?

Последно инфо – што рече Лукаку за трансфер сагата со Интер

ВИДЕО: Само што почна финалето од Купот на нации во Африка – и гол!

Сите мислеа дека моментот со Роналдо бил клучен – но Де Лихт ја откри причината за трансферот во Јуве

Блесна на Копа Америка, а сега на интересен начин откри каде ќе ја продолжи кариерата

Веќе нема дилеми: По ова е јасно дека Икарди е блиску до Јувентус

Барселона го врати Валдес

И повеќе од заслужено: Мадрид му изрече казна од 250.000 евра на Рамос!

Управата на Барселона даде зелено светло: Ракитиќ и Кутињо на продажба