Сомнежи на сметка на „докторот“ – По трката во Херез се појави сомнеж за Валентино

Првиот човек на Јамаха Петронас, Разлан Разали, признава дека по првата трка во Херез, се посомневал во тоа дали Валентино Роси е вистинскиот избор за нивниот тим.

Легендарниот доктор нема да ја продолжи кариерата во Јамаха, затоа што тој тим во 2021 година, се одлучи за Маверик Винјалес и Фабио Квартараро.

Роси порача дека е отворен за премин во сателитската екипа на Петронас Јамаха, но дека договор се уште не е потврден.

„Вале е Вале, но да бидам искрен, се појавија сомнежи по првата трка. Но сите ми зборуваа дека докторот ќе се врати и тој тоа го стори. Бев импресиониран по втората трка од него“, порача Разли.

Роси не ја заврши трката во Херез, но сепак по седум дена на истото место тој беше тренер, па се најде на победнички пиедестал по 15 месеци.