Солзи и неверување – замина легендарниот Ники Лауда!

Трикратниот Ф1 шампион Ники Лауда, почина на 70 годишна возраст, а неговите миленици сигурно дека ќе имаат тежок ден денеска.

70 годишниот австриец извесен период имаше проблеми со св оето здравје, а минатиот август имаше и трансплантација на орган, по што тој беше 2 месеци во болница.

Лауда ја загуби битката неколку месеци по трансплантацијата на белите дробови.

Тој беше шампи он во 75-та, 77-ма и 1984 година во Формула 1.

Со огромна тага објавуваме дека Ники почина на 20 мај 2019 година“, беше пораката од семејството Лауда.