Солскјер: Во моментов табелата не е наш приоритет!

Оле Гунар Солскјаер истакна дека не се осврнува многу на табелата во овој момент, дека пред нив има други приоритети.

Манчестер Јунајтед го победи Брајтон со 3:1 и фати приклучок кон првите 6 екипи на табелата.

Но Солскјер истакан дека имаат друг приоритет во моментов.

Убав натпревар, треба да постигнуваме повеќе голови. Во овој момент табелата не е така важна, мора да продолжиме да напредуваме, тоа е наш приоритет, па ќе видиме тоа каде ќе не однесе. Ентони Марсијал денеска не постигна гол, но беше одличен, исто морам да го пофалам и младиот Брендон Вилијамс“, истакна норвешкиот стратег.