Солскјер со изјавата за јануарскиот трансфер период ги загрижи фановите на Јунајтед

Манчестер Јунајтед продолжува да бележи низа лоши резултати, а навивачите на „црвените ѓаволи“ очајно очекуваат нови засилувања. Но како што стојат работите, тешко дека ќе има такво нешто, а за тоа говори и изјавата на Оле Гунар Солскер.

„ Лично мислам дека имавме релативно добар летен трансфер период, но овој во јануари е многу потежок. Кога започнувате нешто, се придржувате до вашиот план. Истото важи и за мене. Не можете да го промените после шест, осум, девет или десет месеци работа и да почнете да верувате дека треба да ги правите работите на друг начин. Сите мои разговори со клубот во моментот се многу позитивни“, истакна Норвежанецот и притоа додаде:

„Ние имаме свој начин на работа. Се разбира, можете да видите како другите тимови одлично се снаоѓаат. Јирген помина четири години во градењето на својот состав и тие добро напредуваат сега. Сум кажал и претходно, не можете да донесете девет или десет играчи во еден трансфер рок“.