Солскјер пред отказ, Роналдо со препорака кој да го наследи

Оле Гунар Солскјер се наоѓа пред отказ од Манчестер Јунајтед по серијата лоши резултати и во Премиер лигата и во Лигата на шампионите.

Тоа изгледа му оди во прилог на Кристијано Роналдо кој, како што тврдат англиските медиум, веднаш дал сугестија кој би можел да го замени норвешкиот стручњак. Наводно, Португалецот го предложил поранешниот тренер на Реал, Зинедин Зидан кој е без ангажман откако минатото лето замина од Мадрид.

Мирор тврди дека раководството на Јунајтед веќе стапило во контакт со Зидан, но уште не е познат одговорот од Французинот.

Роналдо и Зидан заедно освоија три титули во Лигата на шампионите, а и во Реал, францускиот стручњак стигна на средина од сезоната.