Солскјер прави моќен тим на „Олд Трафорд“: На лето добива 300 милиони за 3 засилувања

Оле Гунар Солскјер има план за летото да направи неколку измени во тимот на Манчестер Јунајтед со цел конечно да го врати овој клуб во самиот врв на европскиот фудбал.

Англиските медиуми денес објавија дека Солскјер веќе разговарал со клупските челници за тоа колку пари ќе има на располагање ова лето за да донесе неколку нови засилувања.

Норвешкиот стручњак нема намера драстично да го смени тимот, но сака да донесе тројца нови играчи, но за нив ќе требаат дури 300 милиони евра.

Челниците на клубот му ветија големи инвестиции во текот на летото, и се чини дека нема да има проблеми во исполнувањето на желбите на Норвежанецот.

Прв на списокот на засилувања е стоперот на Севилја, Коунде, кој чини околу 90 милиони евра и со своите игри го привлече вниманието на многу клубови. Веднаш до него е Санчо кој долго време се поврзуваше со Јунајтед.

Но, се чини дека Санчо конечно би можел да дојде на „Олд Трафорд“ на лето, а неговиот трансфер ќе чини околу 100 милиони евра. Исто така на списокот со желби е и Ерлинг Халанд кој е желба на многу великани. Исто така, цената на Халанд за летото се очекува да биде околу 100 милиони евра.