Солскјер објасни зошто ги заменил Роналдо и Фернандеш

„Црвените ѓаволи“ неславно ја почнаа новата сезона во ЛШ, со пораз на гостувањето кај Јанг Бојс (2:1).

Измените кои тренерот на гостите ги направи, за навивачите на Јунајтед се крајно аматерски, па и контрадикторни. Тој во вториот дел како да се реши да брани резултат, кој во тие моменти беше 1:1, на крајот тоа им беше наплатено со гол во 94 минута.

Натпреварот беше интензивен, морав да направам промени во 70 минута, двајцата многу претрчаа (Роналдо и Фернандеш), така да морав да ги одморам. Сакавме во тој момент искуство од типот на Немања Матиќ, да ја задржи топката на средина и одморениот Џеси Лингард да може да трча“.

„Што се однесува до резултатот, штета, пропуштена шанса, сега мора во следните натпревари да обезбедиме 10 или 12 бодови за да ја поминеме групната фаза“, истакна Солскјер.

Инаку Лингард беше директен асистент за играчот на Јанг Бојс кој го постигна голот за победа во последните секунди од натпреварот.