Солскјер не жали премногу за елиминацијата во купот, но тврди: Имаше пенал за нас!

Манчестер Јунајтед ноќеска беше елиминиран од Лига Купот, откако Вест Хем ги победи на „Олд Трафорд“ со 0:1, резултат кој ги носи во следната рунда.

Честопати овој куп важел во рамки на Англија за „Мики Маус“ куп, па повеќето од големите екипи се ослободувале од него во раната фаза, па можеби намера на Солскјер и екипата беше токму тоа.

Но сепак, норвешкиот тренер смета дека почнале доста бавно во натпреварот и дека тоа им претставува проблем кој мора брзо да го решат.

Повторно бледо и бавно го стартувавме натпреварот и тоа мора да го решиме. Кога примивме гол почнавме добро да играме. Но статистиката ништо не значи кога нема да постигнете гол. Имавме 27 обиди но безуспешни“.

„Не би сакал да зборувам и да барам алиби, но имаше пенал врз Џеси Лингард. Направивм е притисок, но не вроди со плод. Гринвуд внесе свежина во нападот, но и тој не помогна. Сакавме да минеме во следната рунда, но ова е долга сезона, ќе има уште натпревар. Не можам ништо да им противречам на играчите. Не е добро што сме елиминрани, но веќе во сабота не чека важен дуел со Астон Вила“, истакна Солскјер.