Солскјер не е за Јунајтед: „Ѓаволите“ едвај победуваат во Лигата на шампионите

Оле Гунар Солскјер се чини дека е најслабата алка во актуелниот тим на Манчестер Јунајтед иако и натаму е омилен кај голем дел од навивачите.

Безмалку три години по неговото назначување за менаџер на Јунајтед, Норвежанецот има катастрофален биланс во Лигата на шампионите. Од вкупно 11 натпревари со норвешкиот стручњак на клупата, „црвените ѓаволи“ имаат седум порази и само четири победи.

Интересно е тоа што во секоја од оние четири победи, Јунајтед имал пенал во своја корист што значи дека Солскјер нема ниеден триумф без пенал во елитното натпреварување.