Солскјер и неговиот коментар за промашениот пенал

Манчестер Јунајтед го претрпе првиот пораз во сезоната, а натпреварот против Ксиатал Палас го одбележа промашениот пенал на Маркус Рашфорд.

Со оглед на тоа што во второто коло од белата точка промаши и Погба, неизбежен беше коментарот на Оле Гунар Солскјер по натпреварот.

„Два натпревара, два промашени пенала. Кога би успеале да погодиме, би била друга приказна. Ако продолжиме да се ставаме во таква позиција, ќе добиваме уште пенали и ќе даваме голови. Веруваме дека повторно можеме да постигнуваме голови од пенали“, изјави Солскјер.