Соленки цени: Вардар ги пушти во продажба картите за Келн

Од денеска сите заинтересирани кои сакаат да го бодрат Вардар на Ф4 турнирот од лигата на шампионите во Келн билетите за истиот настан можат да ги купат онлајн и во фан шопот што се наоѓа во склоп на СЦ „Јане Сандански”

Сите блок билети што се наменети за навивачите на Вардар се во сектор 218 во салата, место резервирано за нашите фанови.

Цената на блок билетите чини 18.300 денари. Во оваа цена е вклучен само билетот за натпреварите (полуфинале и финален ден)

Покрај во фаншопт, билети за Ф4 турнирот се пуштени во продажба и онлајн преку http://vardarfanshop.com/index.php?route=product/product&path=59&product…

Ф4 турнирот од лигата на шампионите ќе се игра на 1 и 2 јуни во Келн. Во полуфиналето се среќаваат: Вардар – Барселона (18 часот) и Веспрем – Кјелце (15,15часот).

За сите прашања поврзани со билетите за Ф4 турнирот можат да се добијат на следната адреса:
e-mail: contact@rkvardar.com
тел: + 389 70 323 952

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВИДЕО: Блеснаа новите дресови на Вардар пред патувањето во Келн

Дибиров го објаснува моментот на вистината кога им соопштил Самсоненко ДЕКА Е КРАЈ!

Квалификацискиот меч против Грција и официјално нема да се игра во Скопје

Доминација: Вардар е старо-нов шампион на Македонија

БОМБА: Еден од најбогатите Македонци ќе биде нов газда на Вардар.

Пред Вардар е прекрасна шанса: Утре може да биде голем ден за „црвено-црните“

Тешко ќе биде против Барселона – но на помош им доаѓа големо засилување на „црвено-црните“

(ВИДЕО) Кога е најтешко, ова е најмалку што може да се направи: Вардаре, не те оставаме!

Парондо сликовито ја објасни (не)идеалната ситуација во клубот оваа сезона