Соиграчот на Нено Димитријевиќ: Верувајте, да го прашате Лука Дончиќ ќе ви го каже истото

Некогашниот НБА кошаркар Тони Вротен, смета дека е многу потешко да се игра во Европа, отколку во најсилната кошаркарска лига во светот.

Вротен во НБА лигата играше од 2013 до 2016 година, и во Филаделфија имаше одлични натпревари, сезоната 2014/15 имаше просек од 17 поени и 5 асистенции по натпревар.

Лука Дончиќ ќе ви го каже истото, потешко е да се игра во Европа, отколку во НБА. Никој не е подобар од НБА кошаркарите, но одбраната во Европа…. дозволено е три секунди да сте во рекет, можете да останете на тоа и да играте зона. Различни се и правилата. Мислам дека сега сфаќам дека ќе бидам подобар кошаркар кога ќе се вратам во НБА, а тоа ми е намерата. Ќе бидам подобар барем 10 пати“, рече Вротен.

28 годишниот Вротен, најдобрите натпревари ги имаше кога имаше 21/22 години, а настапуваше за Мемфис, Филаделфија, Тексас, Рио Гранде, Калев, Вроцлавек, а сега игра во Хувентуд од Бадалона, заедно со Нено Димитријевиќ.