Соиграчот на Митревски се бори за живот: Македонскиот голман со важна порака до Кинтана

Соиграчот на Никола Митревски, голманот Алфредо Кинтана, доживеа срцев удар на еден од тренинзите на оваа екипа и сега се бори за својот живот.

Според информациите од тамошните медиуми, состојбата на Алфред Кинтана останува сериозна, но за нешто повеќе ќе знаеме следните денови.

Слична ситуација имаше во минатото и Икер Касилјас, исто така голман, но на фудбалскиот клуб Порто, кој доживеа на тренинг срцев удар, по што имаше операција и успешно се опорави.

По ужасот низ кој сега минува Кинтана, во знак на поддршка, македонскиот голман Никола Митревски, му испрати порака:

Кинтана брате, сега треба да ја одработиш најважната одбрана во својот живот“, напиша Митревски на Инстаграм.