Со цврста одбрана до посилна сезона: Шкупи го ангажира Чешмеџиев

Фудбалскиот клуб Шкупи во следниот период ќе се засилува на неколку позиции, а денеска го потврдија и доаѓањето на Чешмеџиев.

Тимот од Чаир по доаѓањето на Гоце Седлоски, беше најавено дека ќе се засилува, а сега донесоа квалитетно засилување во одбран ата.

Чешмеџиев доаѓа од Босна и Херцеговина, од редовите на Вележ од Мостар, каде минатата сезона имаше солидни 15 настапи.

Ќе ми биде чест да работам со Гоце Седлоски, клубот ми ги претстави идеити и ми се допадна проектот, затоа сум сега во Шкупи“, порача Чешмеџиев.