Со мислите за пресврт – да го поправиме впечатокот во Шлагелсе!

Од 19 часот одбојкарската репрезентација на Македонија ќе го поправа впечатокот против селекцијата на Данска на гостински терен во Шлагелсе.

По изненадниот триумф на Данска од пред неколку дена во Струмица, во рамки на Европската сребрена лига, сега нашите репрезентативци се решени да го поправат впечатокот и да им возвратат за поразот на домашен терен.

Нашата репрезентација не успеа да добие ниту еден сет во првиот меч против Данска, па ветија дека тоа ќе се обидат да го исполнат на реванш натпреварот.

Одиме во Данска со мисла за пресврт“, порача капитенот Ѓорѓиев за мечот од 19 часот кој вечерва ќе оди во директен пренос на МРТ3.

Предводени од селекторот Матијашевиќ, репрезентативците на Македонија ќе ја бркаат своја трета победа, по оние над Израел и Кипар.