Со елиминацијата во Рим, Ѓоковиќ си направи проблем на Ролан Гарос

Новак Ѓоковиќ со елиминацијата од Холгер Руне во четвртфиналето од мастерс турнирот во Рим, загуби голем број на бодови и со тоа го ослободи првото место на новата АТП листа.

Се знаеше дека првото место ќе му пирпадне на Карлос Алкараз ако овој оствари барем една победа во престолнината во Италија, но никој не очекуваше дека Ѓоковиќ ќе падне на третата позиција.

Тоа е последица на неговата елиминација и титулата која ја освои Данил Медведев и кој е сега на втората позиција веднаш зад Карлос Алкараз.

Медведев покажа напредок на овој турнир и најави дека и на Ролан Гарос ќе има сериозни аспирации за голем резултат.

Но ваквата ситуација донесе одредени компликации за Новак Ѓоковиќ, кој на Ролан Гарос ќе биде трет носител и со тоа ќе им и потежок пат до титулата, затоа што во полуфиналето го чека евентуална пресметка со Карлос Алкараз.

Турнирот во Париз се оддржува од 28. мај до 11. јуни. Апсолутен рекордер по бројот на титули овде е Рафаел Надал, кој годинава поради повреда нема да настапи во Париз.