Снегот одложи натпревар во Премиер лигата: Нема фудбал во Барнли

Екипите на Барнли и Тотенхем ќе одморат овој викенд затоа што нивниот мешусебен дуел што требаше да се одигра од 15 часот е одложен.

Причина за тоа се големите снежни наноси во Барнли и дебелиот слој снег на теренот на стадионот Турф Мур. Од утринава домаќините се обидуваа да го приспособат играчиштето, но не успеаја во тоа, па Премиер лигата донесе одлука да го одложи натпреварот.

Засега е неизвесно дали мечот ќе се одигра утре, но тешко дека ќе се случи такво нешто бидејќи веќе во вторник и среда следува ново коло во Премиер лигата.