СН Финансиско друштво горд спонзор на шампионскиот тим од Битола

СН финансиско друштво од овој викенд е спонзор на Екстрим Бајк тимот Битола кој брилјираше на вториот национален даунхил куп во Грција кој се одржа на 14 и 15 ноември во Костур, Грција под името “2nd Downhill Panhellenic Cup”.

Екстрим Бајк Тим од Битола имаше возачи во скоро сите категории кои беа најавени во купот оваа година. Патеката на која се одржува купот се наоѓа на околу 7 километри од Костур и е една од најтехничките и најинтересни ДХ стази на Балканот. Овој викенд на Ирон виллаге ДХ траил имаше 77 возачи од Грција, Бугарија, Македонија и Велика Британија.

Бодувањето и наградите беа во согласното со УЦИ стандардите и секоја категорија се бодува до 5то место. За Екстрим бајк тимот возеа 9 натпреварувачи, а резултатите се шампионски:

Јовче Даскаловски – сингл краун категорија
1 место на купот

Александар Фидановски- сингл краун
2 место на купот

Боби Ивановски- елит категотија
5 место на купот

Бобан Петковски
3 место во категорија мастер

С

“За нас најважно е искуството кое го добиваме на секоја една трка надвор од Македонија на која земаме учество затоа што возиме на поинакви патеки, секоја различно технички спремна со што добиваме искуство како возачи, а тоа се забележува во нашите резултати.

Екстрим бајк тим од Битола стана амбасадор на екстремните спортови за Македонија, надвор од националните граници. За можноста да возиме на овој куп и да се вратиме со полни раце пехари, им благодариме на нашите поддржувачи“, велат од тимот.