Смешно или трагично за еден голем шампион: Ненамерно го стиснал „магичното“ копче

Луис Хамилтон остана разочаран по трката во Азербејџан, во која имаше неверојатна шанса да го капитализира очајот на Макс Верстапен во финиш од трката.

Како што знаеме, на Верстапен му експлодираше пневматикот на 5 кругови пред крајот, тој остана без бодови и тоа беше шанса за Хамилтон да го сврте шампионатот во своја полза, но сепак, Верстапен остана во водство по грешката на Хамилтон.

Напорно работевме овој викенд за да се вратиме на врвот. По рестартот, го закачив копчето кое ги исклучува кочниците, па направив вистинска грешка во првиот свиок. Првично немав претстава дека го стиснав магичното копче“, порача седумкратниот Ф1 шампион.

Тој на вчерашната трка во Азербејџан ја прекина серијата од 54 трки во кои освојуваше бодови. Последен пат не освои бод на трката во Австрија, во јуни 2018 година.