Случајот „Погба“ не стивнува, за врачот платил 4 милиони евра

Случајот „Погба“ продолжува. Француските медиуми редовно пренесуваат информации за обидот за киднапирање на Пол Погба, и бараниот откуп од 13 милиони евра. Матијас Погба, постариот брат на фудбалерот на Јувентус, игра важна улога во се, но и врачот кој постојано се споменува.

Матијас Погба повторно проговори, поранешниот фудбалер моментално е во полициски притвор. Тој тврди дека Серж Орие (поранешен фудбалер на Тотенхем и ПСЖ) му го препорачал исцелителот на Пол, врачот наводно одиграл важна улога во враќањето на Погба во Манчестер Јунајтед.

Матијас тврди дека на врачот Пол досега му платил минимум четири милиони евра. Што се однесува до „клетвата на Мбапе“, Матијас вели дека Погба побарал од него да го проколне Килијан Мбапе пред натпреварот на Манчестер Јунајтед во Лигата на шампионите против ПСЖ во 2019 година.

Погба беше многу задоволен од работата на врачот бидејќи му помогнал да го освои Светското првенство во 2018 година.

„Денес, она на што се надевам е брат ми да се разбуди. Сакам тој да преземе одговорност и да го извлече нашето семејство од смртоносниот хаос во кој не вовлече. Тој може да ме убие во секое време поради него. Сакам само нормален живот. Врачот требаше да ја предвиди иднината на Пол, да ја подобри, да ги подобри неговите игри, да саботира натпревари, да фрла магии на противниците или други фудбалери за да го уништи нивниот потенцијал. Пол разговараше со него еднаш или двапати месечно, го плаќаше од 75 илјади евра до 100 илјади евра секој пат“, изјави Матиас Погба.

Неверојатните настани околу Пол Погба сигурно ќе продолжат.