Случајот Адриа Тур како голем знак прашалник за следните Гренд слем турнири

Некогашниот германски тенисер Николас Кифер остро ја критикуваше одлуката да се одржи турнирот Адриа Тур, кој заврши со сериозно последици.

Добар дел од тенисерите кои беа учесници на овој турнир, се заразија, а за тоа сите му се нафрлија на Новак Ѓоковиќ како главен организатор.

Кифер смета дека ова што се случи на Адриа Тур, сега носи сериозни дилеми околу следните турнири во Гренд слем конкуренција.

Зверев и Тим имаат добр советници, не разбирам како можеа да го прифатат повикот да учествуваат на Адриа Тур. Но кога тие двајца тенисери беа така наивни, мора да си го поставиме прашањето дали во главата имаат нешто освен тениски топчиња. Сега сите турнири, дури и оние од Гренд слем доаѓаат во прашање до крајот на годината“, порача Кифер.