Словенците не се откажуваат – МЗТ Скопје останува и понатаму во неизвесност

Денес се одржа Собранието на регионалата АБА лига, а она што беше интересно за нашата јавност е одлуката за тоа дали нашиот МЗТ Скопје ќе игра во АБА или АБА 2.

Како што е познато нашиот тим е прва резерва и има големи шанси да го замени тимот на Приморска од Копер кој се соочува со финансиски проблеми.

Но Словенците не се откажуваат и ветуваат дека работие ќе ги следат во следниот период, но за такво нешто сега добија конечен рок до 15. јули.

Горан Јагодник, спортскиот директор на Приморска дал ветување дека клубот ќе ги надмине проблемите и дека ќе биде член на лигата и следната сезона.

Па така „штрковите“ и понатаму остануваат во неизвесно каде ќе играат следната сезона.