Словенецот на добар глас – кога големиот Џордан ќе биде импресиониран, тогаш вие сте посебен!

20 годишниот кошаркар со потекло од Словенија, Лука Дончиќ, тој на последната средба во дресот на Далас против Сакраменто Кингс, запиша 27 поени за 35 минути колку што мина на терен.

Освен тоа, Дончиќ запиша 8 асистенции и стана првиот најмлад играч во историјата на НБА кој на 19 натпревари по ред уфрлува 20+ поени, 5+ скокови и 5+ асистенции по натпревар.

Дури и легендарниот Мајкл Џордан му се восхитувал, тој во нерформален разговор со новинар од ЕСПН, рекол дека „детево е чудо“ и вистинско освежување, односно најава за едно нова генерација играчи кои доаѓаат од Европа.

Легендарниот Мајкл Џордан истата статистика како и Дончиќ ја имаше, но со свои 26 години, односно прво во сезоната 1988/89.