Словенечките ракометари во одбрана на Вујо: Не не уценувал со покер, тоа се навредливи лаги

Пред само неколку дена Веселин Вујовиќ си поднесе оставка на селекторската функција во Словенија поради притисокот од јавноста по вербалниот напад врз младиот словенечки ракометар Алекс Влах кога искусниот стручњак за време на тајм-аут му се обрати со зборовите „Умри веќе, умри да не те гледам“, водејќи го ППС Загреб на мечот во СЕХА лигата против Мешков во поразот од 29:33.

Како што обично се случува на Балканот, еден негативен потег повлекува друг, па така Вујовиќ беше обвинет дека во репрезентацијата на Словенија играле само ракометарите подготвени да платат 300 евра да играат покер со него. Сепак, дека тоа не е така, потврдија токму словенечките репрезентативци.

Тие се огласија со соопштение во кое се вели:

Живееме во време кога секој медиум може да си дозволи да пишува невистини, лажно да обвинува без наведување на извори или сносење на било какви последици. На тоа се навикнати спортистите. Настојуваме да не ги гледаме или пак да ги користиме таквите написи како дополнителна мотивација за подобри игри во иднина. Во овој случај, меѓутоа, веруваме дека некои медиумски куќи со некои работи ги минаа границите на добар вкус. Пред неколку дена словенечките медиуми, кои воглавно се занимаваат со политички и спортски вести, го цитираа „опуштениот“ дел од поширокиот регион и раскажаа приказна за играње „уценувачки“ покер во словенечата ракометна репрезентација. Записите на споменатиот медиум ги нарекуваме смешни, а категорично ги демантираме. Тврдењата дека сме играле покер за да си купиме место во екипата се навредливи, злонамерни, но пред се невистинити. Играчите се свесни дека нашите игри не беа на задоволувачкото ниво во последните година и пол дена. Поради тоа членовите на Претседателството на Ракометната федерација на Словенија одлучија да направат промени. Играчите никако не ги направија или наметнаа овие промени“, стои во соопштението на ракометните репрезентативци на Словенија.

Тие додадоа дека со Вујовиќ имале одлична соработка и му посакаа се најдобро во кариерата.

„Чувствуваме дека многумина сакаат да поттикнат пресметка во медиумите меѓу екипата и поранешниот тренер, но на сите јасно им ставаме до знаење дека тоа нема да се случи. Му благодариме на господинот Вујовиќ за неговиот допринос за резултатите на словенечката репрезентација во последните четири и пол години. Во иднината од неговата тренерска кариера му посакуваме многу среќа. Заедно се веселевме на Олимписките игри во Рио и на спомените во Париз. Оваа сезона се уште имаме прилика да запишеме ново поглавје во словенечката ракометна бајка во Шведска, а подоцна и во Токио. Затоа ни се потребни сите! Како што се љубителите на ракометот, така и медиумите кои известуваат. Најсилни сме кога обединета Словенија стои зад нас. На тоа често влијаат и словенечките медиуми. Затоа ве молиме да ги оставите измислените приказни во вода и насочете не, колку што можете, на предизвиците кои се пред нас“, пишува во соопштението.

Останува да се види како Словенците, после сите овие приказни, ќе поминат на престојниот шампионат на Европа од 9 до 26 јануари, чии домаќини се Австрија, Норвешка и Шведска.

„Змајчеките“ се во групата Ф со еден од домаќините – Шведска, односно Швајцарија и Полска. Репрезентацијата на Македонија се наоѓа во групата Б заедно со Чешка, Украина и ко-домаќинот Австрија.