Словенечкиот новинар објасни зошто не гласал за Модриќ: Тоа ви е исто како со жените

Откако беа објавени сите новинарски гласови кога станува збор за изборот на „Златната топка“, првото нешто што го приметија во Хрватска е дека за Лука Модриќ гласале сите од поранешните југословенски републики освен од Словенија.

Иако Лука на крајот без проблеми дојде до признанието, Хрватите на крајот беа малку лути бидејќи новинарот од словенечката телевизија Андреј Старе не даде ниту еден глас за ѕвездата на Реал Мадрид.

Тој во разговор за хрватските медиуми објасни зошто постапил така.

„Моите пет играчи се по мој вкус, главни играчи во најдобрите клубови. Модриќ е одличен играч, но можам да кажам дека бев многу изненаден што ги доби сите тие награди. Секако, му честитам од срце. Со фудбалерите е исто како со жените, музиката или туристичките дестинации. Мене исто така ми е жал што нашиот Облак не доби ниту еден бод од страна на хрватскиот гласач“, ја појасни својата одлука Старе.