Скубе: Клубот немаше да постои доколку ние немавме карактер и срце

Како во фудбалот, така и во ракометот, европската куќа на ракометот (ЕХФ) мораше да ги запре сите тековни натпревари од Лигата на шампионите поради ситуацијата со Корона вирусот.

Вардар требаше да игра во следниот период со Пик Сегед во ЛШ и Нексе во СЕХА лигата, првично требаше да се играат без публика, но подоцна беа целосно одложени.

Во следниот период ЕХФ ќе понуди нов план за одигрувањето на натпреварите, кои сигурно ќе имат згуснат распоред, откако ќе мине кризната со вирусот.

Имено, во последното интервју кое ЕХФ го направи, своите видувања во него ги понуди ракометарот на Вардар, Стаж Скубе.

Ситуацијата е многу тешка, но знам дека ќе дадеме 200% од себе до крајот на сезоната, но нема да се жалиме поради проблемите со кои се соочуваме. Верувам дека ова ќе се преточи за нас во позитивен момент. Мора да бидеме реални, тимот на Вардар кој го освои ЛШ минатата сезона, со овој, беше далеку поквалитетен, барем 40 до 50%. Тешко е да се верува дека и годинава ќе се повтори тоа сценарио. Но доколку немавме карактер и срце, немаше да бидеме шампиони во Европа, а клубот можеби и немаше да постои“, истакна Стаж Скубе.