Скршеници, потрес на мозокот… добро е што швајцарскиот скијач го преживеа падот

Швајцарскиот скијач Урс Кринбуел, кој при брзина од 147 километри на час излета од патеката во Кицбил, итно со хеликоптер е префрлен в болница, каде му со утврдени тешки повреди.

Според информациите, тој има потежок потрес на мозокот, скршеница на десната клучна коски и скинати лигаменти на десното колено, објави скијачката федерација на Швацарија.

„Кринбуел ќе ја помине ноќта в болница за да биде надзор, а утре би требало да се врати во својата земја. Два дена баравме кратење на последниот скок, кој е предолг. На него летаме околу 80 метри при брзина поголема од 145 километри на час и требаше да биде скратен“, рече францускиот скијач Џоан Клареј кој имаше тежок пад во четвртокот, но ни приближно тежок како Кринбуел.

Организаторите упатија извинување за тој последен скок, но истакнаа дека местото било обработено во текот на вчерашниот ден, но дека временските неприлики и мразот го забрзале приодот.