Скоро било се договорено: Жиру уште неделава се сели во друго првенство?!

Со оглед на тоа дека во Челси нема многу простор за игра, Оливие Жиру, се почесто се поврзува со заминување од Стемфорд Бриџ.

Се чини дека и од другата страна, постои голем интерес за овој играч, па можно е до крајот на неделава Жиру да потпише со Интер.

Како што пренесуваат италијанските медиуми, целата работа е договорена, Интер е блиску до договор со Челси за францускиот фудбалер, трансферот треба да изнесува скоро 7 милиони евра.

Се разбира во тоа се вклучени и бонуси, а агентот на Жиру утре го очекувале во Милано, каде ќе ги испегла последните детали од договорот меѓу двата клуба.