Скијањето повеќе нема да биде исто: Хиршер кажа збогум

Една од легендите на алпското скијање, Марсел Хиршер го објави крајот на својата кариера.

Австриецот кој е осумкратен освојувач на големиот Кристален глобус веќе ја донел важната одлука откако навести на крајот на минатата сезона дека имал слични намери.

Триесетгодишниот Хиршер ја објави својата одлука во пренос во живо на австриската национална телевизија и ја мотивираше со желбата да поминува повеќе време со семејството.

Хиршер досега освои осум титули во Светскиот куп, а сето тоа последователно, оставајќи ги зад себе Марк Жирардели (5) и Анемари Мозер (6). Тој има две олимписки титули од Пјонгчанг 2018 во слалом и алпска комбинација. Во својата кариера, Австриецот има освоено 67 трки од Светскиот куп.