Скандалозни препукувања на Јуве и Наполи по смртта на Марадона

Диего Марадона го напушти овој свет пред 5-6 денови, а во Италија се уште се пишува за легендата на Наполи.

Една изјава на легендата на Јуве, Антонио Кабрини, веројатно многу ги навреди властите во Неапол.

Доколку Диего играше за Јувентус, сега верувам ќе беше жив“, рече некогашниот лев бек на Јуве.

На тоа со коментар му врати екс претседателот на Наполи, Корадо Ферлаино.

Оној играч на Јувентус кој се обиде да се убие, како се викаше? Пессото, така е. Да играше за Наполи, не би се фрлил од зграда“, остро врати Ферлаино.

Пессото беше симбол на Јуве од 1990 до 2000 година.