Скандал во шпанската репрезентација – 15 фудбалерки потпишаа петиција против селекторот

Шпанија е една од најуспешните спортски нации во светот, но женската фудбалска репрезентација на оваа земја во моментов ја тресе сериозен скандал.

И покрај тоа што е изборен пласман на Светското првенство идното лето, дури 15 репрезентативки потпишаа петиција за смена на селекторот Хорхе Вилда, 41-годишниот стручњак кој е на клупата од 2015 година. Секоја од овие фудбалерки испрати мејл на адреса до Фудбалската федерација на Шпанија во кој го известува претседателот Луис Рубиалес дека емотивно не се чувствуваат добро по неговото одбивање да го смени Вилда и дека повеќе нема да играат додека тоа не се случи. мПретходно, одржаа и состанок со Рубиалес на кој му соопштија дека е премала конкуренцијата за место во тимот и дека атмосферата во соблекувалната не е не задоволително ниво.

Сепак, во прилог не им оди тоа што е изборен пласман на Светското првенство, а Вилда три пати е номиниран за најдобар тренер во женскиот фудбал иако нема забележителни резултати на големите натпреварувања. Федерацијата излезе со поддршка до селекторот кој има договор на уште две години, а на фудбалерките им порача дека ако јавно не се извинат, можат да бидат суспендирани од репрезентацијата на пет години.

Интересно е тоа што меѓу 15. фудбалерки кои бараат смена од Вилда ја нема освојувачката на Златната топка во женскиот фудбал, Алексија Путељас и ниедна фудбалерка од Реал Мадрид.