Скандал во најава: Новинар тврди дека гласовите за „Златната топка“ му се променети!?

Во изборот на „Франс Фудбал“ за „Златната топка“ гласаа 180 новинари, а еден ден по прогласувањето на победникот пристигнуваат и првите приказни кои доведуваат во сомнеж околу регуларноста на наградата.

Главниот актер на приказната кој го привлече вниманието на светските медиуми е Ласана Либур, новинар од Тринидад и Тобаго, кој се огласи на Твитер изјавувајќи дека неговото гласачко ливче е погрешно впишан.

„Франс Фудбал“ објави дека Либур на прво место го ставил Антоан Гризман, потоа Мохамед Салах, Кристијано Роналдо, Лука Модриќ и Лионел Меси.

Меѓутоа, тој тврди дека редоследот требал да биде обратен и дека гласал за Меси, пред Модриќ, Роналдо, Салах и Гризман.