Скандал во Лондон: Болт делел боксови во ноќен клуб

Најбрзиот човек на планетата Јусеин Болт се степал во ноќен клуб во Лондон каде избила масовна тепачка.

„Проблемите настанаа на улица, дојде до кошкање, а потоа се стана хаотично. Околу 30 млади деца тргнаа да се тепаат меѓу себе, беше застрашувачки, а Болт се обиде да заштити еден свој пријател“, зборувал за Сан очевидец на настанот.

Болт, наводно, прво делел боксови, а потоа се обидел да ја смири ситуацијата со својот авторитет.