Скандал во Италија

Италијанската рагби федерација (ФИР) и клубот Бенетон од Тревизо денеска покренаа истрага и привремено суспендираа играч поради расизам, откако му подари банана на својот соиграч од Гвинеја како божиќен подарок.

„Федералниот обвинител започна истрага неопходна за утврдување на фактите, како и колективните и индивидуалните одговорности за заштита на основните вредности и угледот на рагбито“, се наведува во соопштението на Федерацијата и Бенетон.

Клубот одлучи да суспендира еден од своите играчи како мерка на претпазливост додека трае истрагата.

Не беше прецизирано за кој играч се работи, а Бенетон потврди за агенцијата Франс прес дека станува збор за играч, а не за некој од неговите вработени.

Рагби играчот на Бенетон, Шериф Траоре во средата се огласи на социјалните мрежи и рече дека еден од неговите соиграчи му дал расипана банана кога тимот се собрал да размени подароци за претстојните празници. Подароците се делат анонимно.

После тоа се собраа екипата и управата на клубот и играчите му се извинија на Траоре, кој го прифати извинувањето.