Скандал во Грција: Антетокумпо? Па тој е мајмун, не е човек!

Во Грција се случи скандал од кој подебелиот крај го извлече членот на советот на Европа, кој притоа е координатор за бегалското ткиво во грчкото министерство.

Константинос Калемис е отпуштен по скандалот кој го предизвика тој самиот, откако грчкиот натурализиран кошаркар Јанис Антетокумпо, го нарече ни повеќе ни помалку туку мајмун.

„Што правеше овој мајмун? А да, тој игра кошарка, незначителен е. Грција е славна во кошарката со други кошаркари, не не прослави тој. Антетокумпо треба да знае дека тој не е човек, тој е нигер“, била изјавата на Калемис, по што поголем дел од грчката јавност се дигна на бунт, се создаде притисок и овој човек беше суспендиран од својата функција.