Скандал пред почетокот на Ролан Гарос: Наместен натпревар во најава?!

Главната ждрепка на Ролан Гарос се уште не почната, а веќе ја имаме првата скандалозна информација, која наведува на тоа дека има наместен натпревар.

Како што пренесува Лекип, се сомнева во регуларноста на меч од првото коло од квалификациите помеѓу Шпанецот Бербабе Сапате Миралјес и Израелецот Дуди Селa.

Надлежните органи сметаат дека според е вториот сет во кој, како што се наведува, имало огромна уплата. Тој дел од играта шпанскиот тенисер го доби со 6:0 резултат, откако во првиот сет беше подобар со 6:3.

Истрагата е моментално во тек, а се тврди дека „под лупа“ е 37 годишниот Села, кој вториот сет го загубил за 17 минути.

Се сомневаат на местенка, бидеки во Кипар, Ерменија и Украина, имало големи уплати на вториот сет од овој натпревар дека Израелецот ќе го загуби со 6:0.