Скандал кој Медведев не дозволи да се прошири: Русинот ограбен од менаџерот на турнирот?!

Данил Медведев, кој играше финале на завршниот Мастерс во Торино и каде загуби од Александар Зверев, доживеал непријатност.

Тој по мечот против Зверев утврдил дека е ограбен, односно дека од соблекувалната му исчезнал часовник во вредност од 200.000 евра.

Грабежот на овој скапоценет часовник веднаш го пријавил до организаторот, а од таму веднаш пријавиле во полицијата.

За само два часа истата ноќ, часовникот бил пронајден од страна на менаџерот на турнирот, по што му бил вратен на рускиот тенисер.

Случајот бил доста замрсен, полицијата отворила истрага, а се сомневаат дека менаџерот на турнирот е вмешан во целата оваа работа, па откако бил најден, истрагата на барање на Медведев била запрена.