Скандал до скандал: Швалерот на Карлеуша се степал среде Бања Лука

Во строгиот центар на Бања Лука синоќа дошло до тешка физичка пресметка меѓу поранешниот босански репрезентативец Огњен Врањеш и Душан Комљеновиќ, син на некогашен директор на Геодетска управа на Република Српска.

Се почнале со меѓусебно префрлување, потоа со ситно кошкање за да заврши со тепачка. Случајот бил пријавен во полицијата на Бања Лука, но оттаму уште нема официјална верзија за случајот.

Ова е којзнае кој по ред голем скандал што го предизвика 31-годишниот фудбалер. Прво беше исфрлен од босанската репрезентација поради величење четнички војводи, потоа влезе во афера со познатата српска пејачка Јелена Карлеуша, па се степа со свј соиграч од АЕК, за сега да го направи истото во Бања Лука.