Ситуацијата се вжештува, ПСЖ сака да ја избегне Барса, но тешко ќе одбие ваква понуда!

Како што е познато, делегација на Барселона денеска отпатува во Париз со цел со управата на ПСЖ да се преговара за трансферот на Нејмар и негово враќање на „Камп Ноу“.

Ерик Абидал во Париз беше запрашан дали во француската престолнина е со цел да преговара за Нејмар, но одби да коментира.

Сепак, јасна е причината за неговата посета, но во ПСЖ би сакале да не соработуваат со Барселона, па до последен момент ќе ја чекаат понудата на Реал Мадрид.

Јасно, нема да работат на штета на клубот, па Мадриѓаните ќе мораат да испратат адекватна понуда доколку го сакаат Бразилецот во своите редови.

Барса поради развојот на ситуацијата реши да тргне во тотална офанзива,па подготвиле и огромна понуда за својот поранешен играч.

Наводно на „Светците“ за Нејмар ќе им ги понудат Кутињо, Ракитиќ и 100 милиони евра!

Тешко дека Парижаните ќе можат да одбијат ваква понуда, се чека сепак Реал, кој ќе мора доста да се истроши, ако сака да ја добие битката со големиот ривал.