Ситуацијата излегува од контрола: Врањеш поради секс скандалот ангажирал обезбедување

Огњен Врањеш, фудбалерот на Андерлехт и репрезентативец на Босна и Херцеговина овие денови е во центарот на јавноста порад секс скандалот што изби со пејачката Јелена Карлеуша.

Токму поради тоа сега е во големи проблеми, па Огњен решил да ангажирал обебзедување кое во чекор го следи неговото семејство, бидејќи се плаши дека некој може да им наштети. Имено, како што пишуваат медиумите Данијела Врањеш и нивната ќерка по град се движат со обезбедување, бидејќи добиваат закани поради аферата за која зборува сета јавност.

„На Огњен му стигнуваа закани по пат на повици и пораки, во кои непознати лица му се заканиле дека ќе му ги повредат најблиските поради деталите кои ги открива за Карлеуша. Тие времето го минуваат во Бањалука, додека не се слегне се, а откако добил закани, Огњен цело време стравува. На жена му и рекол што помалку да излегува и да води сметка за детето. Сопругата Данијела веднаш се сложила со тоа крај себе секогаш да има некој кој би и помогнал во случај некој да се обиде да им ја загрози безбеднсота, бидејќи минува низ голем стрес поради се“ изјавил извор близок на Врањеш.