Сити сака да го задржи, Белгиецот е на потег

Челниците на Манчестер сити и агентите на Кевин де Брујне треба наскоро да се сретнат и да се договарат дали Белгиецот ќе остане во редовите на „граѓаните“ или ќе биде продаден.

Тој има договор со Сити до летото 2025 година и засега нема потврда дека ќе потпише нов. „Дејли мејл“, деновиве објави дека играчот од средниот ред има атрактивни понуди од екипи од Саудиска Арабија.

Во меѓувреме менаџерот, Пеп Гвардиола, изјави дека Де Брујне ќе остане во тимот и во следната сезона.

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО