Сити го руши Погба: го прави најскапиот англиски трансфер во историјата?

Англискиот шампион Манчестер Сити, би можел следната недела да го направи најголемиот трансфер во историјата на англискиот фудбал.

Островските медиуми носат информација дека нов фудбалер на граѓаните би можел да биде Џек Грилиш, најскапо платениот англиски фудбалер, кој би можел да се префрли на Етихад.

Преговорите за трансфер на Грилиш од Астон Вила до Манчестер Сити се во тек и голема е веројатноста овој трансфер да биде реализиран.

Доколку се договорат, овој трансфер ќе префрли 100 милиони, со што автоматски Грилиш станува најскапо платениот фудбалер во англискиот фудбал.

Моментално најскапо платен трансфер е оној на Пол Погба од 2016 година, за чии што услуги Јунајтед на Јуве му плати 105 милиони евра.