Сите знаеме дека Федерер е најдобар на сите времиња

Американската тенисерка Коко Гоф нема дилема околу тоа кој е најдобар тенисер на сите времиња во светот.

Швајцарецот Рожер Федерер и е идол уште од детските денови, од кои што знае да каже дека нешто научила.

„Сите знаеме дека Федерер е најдобар на сите времиња, на терен и надвор од него. Поради влијанието на играта, однесувањето кон играчите, но и кон медиумите. Сето тоа се обидувам да го научам и јас да го применам“.

„Тој е одличен, имав шанса да разговарам со него неколкупати. Секогаш ми дава поддршка, искрено, немам доволно зборови со кои можам најдобро да го опишам. Мислам дека за него никој нема ништо лошо да каже“, порача Гоф.

Гоф инаку е 19. пласирана ВТА листата, а во кариерата досега има два трофеја.