Сите се „палат“ на Роналдо, а Нејмар е подобар од него и не игра со Сан Марино и Фарски Острови

Цела недела светските медиуми се полни со атрибути за играта на Кристијано Роналдо кој за португалската репрезентација постигна пет гола на два меча и веќе има 93 во националниот тим.

Повеќе од него (109) има само Иранецот, Али Даеи и се чини дека Роналдо ќе успее да го симне неговиот рекорд со оглед на тоа што игра со мизерни репрезентации. Сите се едногласни во тоа дека Роналдо е најдобар играч кога станува збор за репрезентацијата, но реалноста вели дека не е така.

На 160 настапи за Португалија, тој постигна 93 гола што е просек од 0,58 по натпревар. Од друга страна, Нејмар на 98 настапи за Бразил има 61 гол што е просек од 0,62 по натпревар. Ако комбинираме со асистенции, фудбалерот на ПСЖ има 41 додавања и ефект од 1,05 голови или асистенции по натпревар. Кај Роналдо тој изнесува 0,81.

На крајот на краиштата Нејмар има 27 години, а Роналдо 34, Бразилецот има шанса да го помине Пеле и да стане најдобар стрелец во историјата на својата репрезентација. Најважно од се, Нејмар не игра со репрезентации како Сан Марино, Литванија, Фарски Острови на кои Роналдо буквално им се изживува и им ја полни мрежата до врв само за да му се бројат головите.