Сите мислеа дека моментот со Роналдо бил клучен – но Де Лихт ја откри причината за трансферот во Јуве

Новиот фудбалер на Јувентус, Матијас Де Лихт, открива како решил да се пресели во Торино и да настапува за „Старата дама“.

Многумина веруваа дека поздравот на Роналдо со Де Лихт беше највлијателниот потег за трансферот на овој фудбалер во Јувентус, но сепак самиот фудбалер откри како решил да се пресели во Јувентус.

Холанѓанецот во четвртокот и официјално беше претставен во новиот клуб. Тој потпиша 5 годишен договор, а на сметка на Ајакс легнаа вкупно 85 милиони евра, што го прави трето најскапо засилување во историјата на Јувентус.

И понатаму сум млад, но стекнав доволно искуство за 19 годишен играч. Затоа одлучив да го направам овој потег, со цел да научам нешто и од овдешните играчи“.

„По Лигата на нации, веќе бев сигурен дека сакам да му се приклучам на Јувентус. Сепак, голем комплимент за мене беше тоа што Кристијано ми пријде и ме праша дали сакам во Јувентус, но тоа сигурно не беше клучниот момент. Разговарав со Сари преку телефон пред да дојдам. Тој беше една од причините поради која дојдов во Јувентус. Ми се допаѓа неговата фудбалска филозофија и начинот на кој ја подготвува екипата во одбрана, тоа беше пресудно“, изјави Де Лихт.