Сите го очекуваа Кари, но МВП наградата повторно за Дурант

850

Кевин Дурант втора година по ред е најкорисен играч во НБА финалето иако по многумина, Стеф Кари беше  оваа година главен фаворит за престижното признание.

Дурант сепак сосема заслужено го доби признанието МВП. Во последниот, синоќешен меч оствари „трипл-дабл“ од 20 поени, 12 скока и 10 асистенции.

Добитникот на МВП во четирите финални меча имаше просек од 28.8 поени по меч со 53 % реализација од поле,

Американецот имаше одлични четири средби против Кливленд на Леброн Џејмс, а сето тоа го комплетираше со блесок и „трипл-дабл“ во последниот меч кај „кавси“, со 20 поени, 12 скока и 10 асистенции, како и уште 10,8 скока и 7,5 асистенции. Шутот за три му изнесуваше високи 41%.