Сите го напаѓаат Кирјос, има само еден што го брани

Австралискиот тенисер Ник Кирјос последните денови повторно е во центарот на вниманието поради глупостите што ги прави на терените и постојано се анализира неговото однесување.

Најголем дел од аналитичарите го критикуваат, но Матс Виландер смета дека е добро што има некој таков, како што порано беше Џон Мекинро.

„Се додека фрла столици и уништува рекети бидејќи губи, тоа е добро за тенисот. Тој е како Мекинро. Во тоа време не знаевме дали тоа што го прави е добро или не, но на крајот тој излезе еден од најдобрите тенисери на сите времиња. Тоа што не ми се допаѓа кај Кирјос е што има период кога изгледа како да сака да биде на друго место“, смета Виландер.

Капак на однесувањето на Кирјос е неговото откажување од Ролан Гарос во последен момент, непосредно пред ждрепката.