Сите балкански спортисти помагаат на своите држави , но каде се македонските

Во време кога пандемијата со корона вирус владее се пошироко, голем број спортисти помагаат на своите држави.

Во Црна Гора, фудбалскиот репрезенативец и член на Атлетико Мадрид, Стефан Савиќ донираше два респиратори, а истото го направи и газдата на кошаркарскиот клуб Морнар од Бар.

Во Србија, финаниска помош меѓу другите даде тренерот на Црвена Звезда, Дејан Станковиќ, а во Словенија пола милион долари искешираше кошаркарот Лука Дончиќ.

Сума од 600.000 евра собраа и хрватските фудбалски репрезентативни, додека во Македонија, поточно нашите спортисти нигде ги нема освен со предизвиците на социјалните мрежи каде што се снимаат и фотографираат.